вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 167
home Вести

Јошев: Владата нема слух за нас земјоделците, баравме да се направи санација на системите за наводнување, но не добивме никаков одговор

Јошев: Владата нема слух за нас земјоделците, баравме да се направи санација на системите за наводнување, но не добивме никаков одговор

Во гостување во емисијата Отворено на ТВ24, членот на Регионалното здружение на тиквешки лозаро-овоштари Дано Јошев истакна дека министерот Трајан Димковски и СДСМ немаат слух за проблемите на лозарите од Тиквешијата.

Јошев објасни дека СДСМ уште пред да дојде на власт ветувала дека цената ќе биде 15 денари килограм грозје за бело и 17 за вранец, бидејќи тогаш изјавувале дека субвенциите се социјална помош.

-Уште пред да дојдете на власт, кажавте дека субвенциите се социјална помош. Ние кога ќе дојдеме на власт грозјето ќе биде 15 со 17 денари за килограм, и ние тоа го бараме, вели Јошев. Тој праша зошто министерството дозволило да се случи суша на лозовите насади кои што се наоѓаат под вода, бидејќи како што рече тој пратиле допис односно барање до министерството за поправка на системите за наводнување на АД Водостопанство Кавадарци, не добиле одговор. Зошто пред да дојдете на власт Бетиане Китев се сликаше во село Ресава, Брушани дека ќе донесат вода, во Кавадарци во Белград дека ќе донесат вода, во село Сопот дека ќе донесат вода и ние сами самоиницијативно на 13 декември испративме допис до министерот и до Рашковски дека резервни делови нема, дека водари нема, дека три месеци Тиквешко поле немаат плата земено и сега вие дозволивте да се исушат лозјата што се под вода, изјави Јошев.