четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Јордановска: Со скандалот поврзан за хонорарците владата потфрли во транспарентноста која претходно ја ветуваше

Јордановска: Со скандалот поврзан за хонорарците владата потфрли во транспарентноста која претходно ја ветуваше

Мери Јордановска, новинар во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за последниот скандал поврзан со лицата кои се водат како хонорарци во Влада и посочи дека со овој случај самите тие си пукаа во нога и сама си ја отворија оваа тема.

-Она што е најважно е дека Владата на почетокот се обврза на транспарентност, беше многу јасно кажано дека за тоа каде се трошат буџетските пари нема да има компромиси односно се ќе биде јавно обелоденувано, кој колку потрошил за бензин, колку чаши испил и така натаму. Очигледно ова не важи за сите институции, па и за самата Влада. Сметам дека со овој случај како самите да си пукаа во нога. Можеа уште на почеток да им ги дадеа податоците на новинарите од БИРН и може немаше да излезе толку скандалозно, колку што со самото тоа кога на новинар ќе му се каже дека тој е личен податок и не можат да го објават, самиот наш новинарски инстинкт не тера да бараме и понатаму. Така што Владата сама си ја отвори темата во овој случај. Веќе кога ќе се отвори таква тема излегуваат и нови проблеми кои јавноста ги детектира рече таа во своето гостување.

Јордановска во своето гостување посочи дека Владата потфрли во држењето до принципите дека ќе бидат транспарентни.

-Она кое клучное дека Владата потфрли во делот на држењето до принципите дека ќе се биде транспарентен. Јас во февруари месец поднесов да ни се достави листа на имиња и презимиња на лицата кои што се ангажирани во Министерството за политички систем и наместо тоа добивме само позиции на луѓе со нивните примања, значи повторно нема имиња и презимиња, додаде таа.

Коронавирус