среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 17
home Вести

Јорданов: Жителите на Штип покажаа дека капитулантскиот договор ја нема нивната поддршка

Јорданов: Жителите на Штип покажаа дека капитулантскиот договор ја нема нивната поддршка

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов денес им честиташе на сите жители на Општина Штип и на сите граѓани на Република Македонија кои што во текот на вчерашниот ден, како што изјави, и покрај сите притисоци, закани и манипулации го одржале своето достоинство, покажале и докажале дека Македонија нема цена, и дека човекот треба да си го зачува своето достоинство кое што го има.

-Дека штетниот капитулантскиот договор нема поддршка кај граѓаните и кај жителите на Општина Штип покажаа и вчерашните резултати. Кои што кажуваат дека само 12.300 граѓани, гласачи на Општина Штип гласале ЗА за овој договор, а останатите 29.000 жители, гласачи на Општина Штип не го поддржуваат тој штетен капитулантски договор. Никој не смее да тргува со сопствената држава и со националните чувства, тоа впрочем практично го докажаа и вчера македонскиот народ, вели Јорданов.

Се надеваме дека ова ќе биде една порака што актуелната власт ќе ја почитува волјата на нашиот македонски народ.