вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 26
home Вести

Јорданов: Во услови кога државата е лидер по број на починати и заразени од КОВИД-19 не може да се спроведе попис

Јорданов: Во услови кога државата е лидер по број на починати и заразени од КОВИД-19  не може да се спроведе попис

Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што мисли народот“, зборуваше за актуелната тема поврзана со пописот каде посочи дека една од причините поради која треба да се одложи пописот е што државата многу лошо се справи со здравствената состојба. Тој посочи дека државата е лидер во регионот и Европа по бројот на заболени и починати и затоа најдобро е пописот да не се одржи во вакви услови.

-Пописот е многу актуелна тема која првиот впечаток според мене е дека она кое што власта сакаше да го креира е дека опозицијата е против одржување на пописот, ние тоа го демантиравме. Но еве кога сега се наоѓаме во една економска и здравствена криза и кога имаме препораки од најрелеватните институции за пописот тоа се ООН и Евростат кои посочуваат дека секоја држава со оглед на состојбите со здравствена и економската криза е препорачливо да процени дали има услови да има попис или пак има услови за одложување на пописот. Република Македонија е земја која многу лошо се справи со здравствената криза. Ние сме лидер во регионот и во Европа по број на заболени и по број на починати по глава на жител што само по себе говори дека лошо сме се справиле со пандемијата и тоа е една од причините заради која што требаше да се размислува за одложување на пописот, рече Јорданов.

Јорданов во врска со пописот укажа дека не е јасна методологијата по која треба да се спроведе пописот.

– Друга забелешка која ние ја имавме беше методологијата за пописот односно зошто да се гласа за законот за попис без соодветна методологија. Методологија се прашањата кои ќе бидат прашањата кои ќе се наоѓаат во прашалникот односно во образецот за попишување. Ние треба да знаеме точно што е тоа што ќе се попишува, а на нас тоа како пратеници не ни е доставено. Да се нема методологија за одржување на попис е дискутабилно, додаде Јорданов.

ЕУРО 2020

Македонија