вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 27
home Вести

Јорданов: ВМРО-ДПМНЕ секогаш во интерес на граѓаните ја дава поддршката на клучните закони, иако власта ниту еден предлог нема прифатено особено во економијата

Јорданов: ВМРО-ДПМНЕ секогаш во интерес на граѓаните ја дава поддршката на клучните закони, иако власта ниту еден предлог нема прифатено особено во економијата

– Секогаш кога станувало збор како да се помогне на компаниите и на стопанството, ВМРО-ДПМНЕ е партија која што во Комисиите давала свои предлози, дали преку амандмани, дали преку вакви јавни дебати каде што сме давале свои предлози за полесно надминување на последиците од здравствената криза односно рефлектирањето на финансиската криза. Е, сега тоа што е клучно е дека тоа што го видовме во изминатиов период, четирите пакет мерки кои што беа директно насочени кон компаниите беа прогресирани на некаде ако не се лажам околу една милијарда евра директна помош која што неефектуираше во тој износ. Напротив, сведоци сме дека компаниите искористија некаде околу 300 милиони евра. Што само по себе говори дека забелешките што опозицијата ги имала во текот на изминатиов период биле на место, нагласи Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ при своето гостување во „Вин вин“ на телевизија Телма.

Јорданов додаде дека власта популистички најавуваше дека ќе го подржува стопанството, ќе ја поддржува економијата, а на крај од сето тоа ветено скоро ништо не се исполни.

– Во делот на поддршката од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за клучните закони и кои што се однесуваат директно на стопанството, јас ве уверувам дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е во интерес на граѓаните, и секогаш ја давала поддршката на клучните закони, истакна Јорданов.

ЕУРО 2020

Македонија