вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 57
home Вести

Јорданов: ВМРО-ДПМНЕ преку нова мерка ќе овозможи граѓаните да определат на што ќе се трошат парите од данокот на имот

Јорданов: ВМРО-ДПМНЕ преку нова мерка ќе овозможи граѓаните да определат на што ќе се трошат парите од данокот на имот

Денес во очи на гласањето на ребалансот на буџетот, сакаме да посочиме на две многу битни работи за успешното функционирање на секоја држава. Транспарентноста, но и разумноста во трошењето на јавните пари, истакнува денес Иван Јорданов, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

-Сакаме да им обрнеме внимание на сите граѓани кои биле во дилема дали ќе можат да платат 2300 денари за данокот на имот и сметката за струја и ако ги платат двете од што да се откажат во тековниот месец, дека само во изминатата година граѓаните само по основ данок на имот, според завршната сметка за 2020 година платиле вкупно 3.005.012.548 (три милијарди пет милиони дванаесет илјади и петсто четириесет и осум) денари. Е, ако сте биле во таква дилема, а најголем дел од македонските граѓани за жал биле, дополнително фрустрира и иритира фактот што за овие пари практично и да не знаеме за што се потрошени, а истите за жал најчесто се употребени за скапи ручеци, луксузни патувања и партиски вработувања. Дел од овие ваши пари општините дури дрско ги пренасочија за Глобал во Струмица додека покривите на училиштата во многу општини се со азбестни кровови, додека во многу општини кои го направија тоа нема квалитетна вода за пиење, а во многу други граѓаните газат во кал и при најмал дожд заради неасфалтираните улици и патчиња до нивните домови, истакна тој.

Јорданов вели дека од овие причини најавува дека ВМРО-ДПМНЕ преку новата мерка „Мој данок за мој проект во мојата општина“, во блиска иднина ќе овозможи секој граѓанин лично да определи за кој проект во неговата општина ќе биде потрошен во 100% данокот на имот кој тој го плаќа.

-Општините заради новиот модел ќе бидат обврзани да понудат неколку приоритетни проекти за кои ќе бидат употребени собраните средствата од данокот на имот, а граѓанинот во целост ќе определи кон што ќе бидат насочени неговите средства и ќе може дневно да следи како истите се акумулираат за проектот што тој или таа го поддржал. Со оваа мерка не само што ќе се зголеми транспарентноста, не само што ќе бидат принудени локалните администрации да понудат квалитетни проекти, туку акцентот ќе биде ставен на разумноста во трошењето на народните пари и определување на приоритети на решавање проблеми во општините согласно мислењето на граѓаните, а не според интересите на локалните моќници. Па така, граѓаните на Штип ќе знаат каде завршиле нивните 52 милиони денари, граѓаните на Струмица точно ќе знаат каде завршиле нивните милион евра, но и трите милиони евра на кумановци, и 20000 евра на граѓаните на Новаци за 2020 година и што е многу побитно ќе знаат кога се размислуваат при плаќањето на нивниот данок на имот и нивната сметка за струја, дека во двата случаи добиле услуга за нивните пари, а не платиле нечив скап ручек, посочи пратеникот.

Коронавирус