среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Јорданов: ВМРО-ДПМНЕ е против законот за “насилен” попис на населението кој што нема да ја даде реалната слика во Македонија

Јорданов: ВМРО-ДПМНЕ е против законот за “насилен” попис на населението кој што нема да ја даде реалната слика во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов на денешната собраниска седница околу законот за пописот изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е против еден насилен попис кој што нема да ја отслика реалната слика во Република Македонија.

-Мора да ги разграничиме државјанството со резидентноста. Ова е клучен критериум за попишување. Не смее државјанството да биде единствен критериум по кој што ќе се врши пописот. Затоа што ќе имаме случаи на луѓе кои што ќе бидат попишани, а со години не се присутни ниту пак, живеат во Република Македонија. Тоа е клучното ние што го предлагаме, а вие како власт го одбивате. Со ваков попис ќе се наруши и довербата во институциите. Друго што треба да објасните е тоа што како планирате на ваков брз начин да правите попис на население, кога планирате да правите обуки на попишувачите. Како што сакате во два дена да го протнете овој закон без транспарентност, претпоставувам така сакате и на ист начин да го спроведете овој попис. Имајќи ја впредвид пандемијата, сакам да ми се објасни како ќе ги обучувате попишувачите и како ќе го спроведете пописот, рече Јорданов.

Локални избори 2021