понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 13
home Вести

Јорданов: Вака конципиран закон за попис нема да ги даде точните податоци на населението во Република Македонија

Јорданов: Вака конципиран закон за попис нема да ги даде точните податоци на населението во Република Македонија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов во гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека вака како што е донесен Законот за попис нема да ги даде точните податоци за бројот на населението во Република Македонија

-Ние како држава, апсолутно одговорно тврдам дека имаме капацитет најголем дел од податоците да ги прибериме по електронски пат. Затоа што во 2015 беше започнат проектот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а го заврши владата на СДСМ за електронски регистар односно за вкрстување на податоците од различни институции, смета Јорданов.

Јорданов објасни дека имаат голем број на забелешки укажувајќи дека пописот нема методологија, како и дека наместо да се попишува населението во Македонија, ќе се попишуваат и државјани посочувајќи дека вакво нешто нема ниту во една земја во Светот ниту во регионот. Во неколку наврати сме објаснувале дека вака како што е концепиран законот за попис нема да даде точни податоци, веродостојни и релевантни податоци кои што ќе ни користат понатаму за развој на Република Македонија. Прво, немаме методологија што остава сомнеж, рече тој.

Второ во членот 6 од законот се наведува дека се попишуваат државјани, нешто што во ниту една земја во Светот и во регионот не е пример. Исто така сметаме дека државјанството не е предмет на попис, односно бројот на државјани може да се прибере од Министерството за внатрешни работи или другите институции и не треба да биде податок со кој што ќе се планира развојот на државата, истакна пратеникот Јорданов.

-Како трета забелешка Јорданов рече согласно член 35 од законот во кој е прецизирано непосредно попишување потребно е да се користат и терминали за отпечаток од прст за да може точно да се утврди кој во моментот кога се спроведува пописот е во Република Македонија. Трето, кој ќе ги дава податоците, во член 8 е прецизирано а имавме и амандман по основ на ова дека податоците ако веќе е предвидено да се спроведува теренски попис, податоците мора да се прибираат непосредно. Не може некое лице кое што е надвор од државата за него друг да гарантира што е по националност, што е по етникум, што е по вероисповед. Нашата забелешка и амандман беше ако веќе пописот треба да биде непосредно, во член 35 е прецизирано вели непосредно попишување, па ако веќе треба да биде непосредно попишувањето тогаш треба да се користат и терминали за отпечатоци од прст за да точно се утврди кои луѓе во тој момент кога се спроведува пописот се во Македонија, изјави Јорданов.

Како што рече Јорданов пописот е политичка операција а не статистичка затоа што одлуката на пописот се носи со врзан попис од страна на директорот и заменик директорот што не е пример во ниту една друга држава. Најголема забелешка исто така зошто велиме дека ова е политички попис а не статистичка операција затоа што одлуката се носи со врзан попис, односно со потпис на заменикот директор што не е пример со ниту една друга држава.

ЕУРО 2020

Македонија