четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 116
home Вести

Јорданов: Што е можно поголем број на Македонци ја следат идејата на Тодор Александров- да си ја сакаат, бранат и почитуваат Македонија

Јорданов: Што е можно поголем број на Македонци ја следат идејата на Тодор Александров- да си ја сакаат, бранат и почитуваат Македонија

Денес се наоѓаме во црквата Успение на Пресвета Богородица во историско Ново Село, со молитва и панихида да оддадеме почит на 94 годишнината од убиството на големиот македонски великан, според многу луѓе современиот „Робин Худ“ на Балканот Тодор Александров, истакна Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вечниот претседател на историското ВМРО на овој ден прерано згасна неговиот живот, но неговата идеја продолжи да живее. Ние денешните генерации Македонци, а се надевам и идните генерации Македонци го живееме неговиот лик и дело. Се надевам дека во иднина неговиот лик и дело ќе има поголемо значење во македонската историја и дека ќе биде поттик и мотив за идните генерации да го продолжат тоа дело, рече Јорданов и додаде:

„Од ова место од каде што започнале неговите чекори, ќе порачаме со една заедничка молитва, да што е можно поголем број на Македонци ја следат неговата идеја, да си ја сакаат, чуваат, бранат и почитуваат Македонија. Вечна му слава, се надеваме дека ќе продолжи да живее во срцата на идните и сегашните Македонци“.