четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јорданов: Штипјани вчера покажаа дека не го поддржуваат Заев и неговиот капитулантски договор со Грција

Јорданов: Штипјани вчера покажаа дека не го поддржуваат Заев и неговиот капитулантски договор со Грција

Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип порачаа дека вчера граѓаните на Штип уште еднаш покажаа дека не го поддржуваат Зоран Заев и неговите штетни политики. Вчера Штип не даде поддршка за штетниот капитулантски договор со Грција кој значи бришење на Република Македонија, бришење на македонскиот идентитет, македонската традиција, култура и историја, велат од таму.

-Граѓаните на Штип вчера јасно му ставија на Заев дека не поддржуваат менување на Устав и дека срамниот договор на Заев е капитулација каква што не прифатил ниту еден политичар до сега. Вчера Штип уште еднаш покажа дека има државотворен капацитет да процени кој политичар работи против интересите на граѓаните и државата. Синоќа штипјани не излегоа да дадат поддршка на Заев и неговата срамна политика и затоа СДСМ беа принудени да носат нивни членови од други градови. Пораката е јасна, граѓаните на Штип никогаш нема да прифатат, ниту да ги поддржат распродавање на националните интереси се со цел прикривање на криминалот во кој се впуштени Заев и неговите соработници. Штип не поддржува криминални тендери и злоупотреби на народните пари. Граѓаните не даваат поддршка на политичари кои го лажат и го делат народот. Интерес на сите граѓани е просперитетна и економски силна Македонија. Но тоа не може да го направи Заев на кој тендерите за блиските соработници му се поважни од иднината на државата, изјави Иван Јорданов, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Општинскиот Комитет Штип на опозициската партија.

Тој кажа дека интерес на граѓаните е интегрирана Република Македонија во ЕУ и НАТО, дека тоа е интерес на најголемиот број на граѓани, кои поддржуваат членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

-Но во ЕУ и НАТО може да не внесат политичари кои поседуваат и практикуваат европски вредности. А таков политичар не е Зоран Заев. Не е европска вредност доделување на тендери вредни милиони евра на фирми кои се формирани една недела пред да го добијат тендерот. Доделување на градежно земјиште не е европска вредност кон која треба да се стремиме исто како што не е европска вредност и корупцијата што оваа власт ја распространи во секоја област. Не е европска вредност катастрофалната состојба во здравството каде секој ден има нов смртен случај, изјави Јорданов.

Тој напомена дека не е европска вредност негрижата кон земјоделците кои мака мачат со откупот, дека не е европска вредност игнорирањето на интересите на младите и партиските вработувања кои овие месеци се случуваат.

-Во оваа власт нема ништо европско освен нивното постојано говорење за ЕУ преку кое се обидуваат да ги покријат сите не европски штетни и криминални политики. Политики кои не носат раст и напредок, кои не обезбедуваат економски раст и развој и кои не работат за интересите на граѓаните. Токму затоа граѓаните вчера испратија порака дека не ја поддржуваат оваа гарнитура и дека Заев и СДСМ не може да не однесат во ЕУ затоа што не работат според принципите на ЕУ и не ги делат европските вредности. Затоа Заев ја нема поддршката од граѓаните, кои ги прочитаа неговите лаги и манипулации, изјави Јорданов.