четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јорданов: СДСМ пред јавноста ги чествува дејците и борците од НОБ, а во собраниска процедура се одрекува од нив и од АСНОМ

Јорданов: СДСМ пред јавноста ги чествува дејците и борците од НОБ, а во собраниска процедура се одрекува од нив и од АСНОМ

Денеска одбележуваме 75 години од убиството на Вита Поп Јорданова една од најистакнатите дејци и борци на Народно ослободителната борба на македонскиот народ, истакна Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Морам да истакнам дека крајно лицимерно е што претставниците на СДСМ, денес одбележувајќи го овој ден, почитувајќи го делото на Вита Поп Јорданова како и на другите дејци и борци од Народно ослободителната борба лицимерно овде пред јавноста ги почитуваат и чествуваат, а во исто време во собраниска процедура се одрекуваат од АСНОМ, од борците од Народно ослободителната борба со самата промена на Преамбулата на Уставот, притоа вметнувајќи го Рамковниот договор. Со ова уште еднаш се потврдува лицимерната и погубната политика на СДСМ, додаде Јорданов.