петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Јорданов: Ребалансот на буџет е лошо скроен, освен популистички во него нема мерки за раздвижување на економија

Јорданов: Ребалансот на буџет е лошо скроен, освен популистички во него нема мерки за раздвижување на економија

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов смета дека ребалансот на буџет, кој што веќе е влезен во собраниска процедура, е задоцнет и не е добро направен. Наместо државата да се насочи кон што поголема реализација на капиталните инвестии, нешто што ќе доведеше до економска раздвиженост, власта не сасочи кон носење на популистички мерки, а капиталните расходи се на најниско историско ниво.

– Не само што е задоцнет ребалансот на буџет туку и погрешно е поставен од буџетот од самиот почеток на годината. Со носењето на овој буџет имаме насочување на економската активност во државава во погрешен правец. Затоа што, наместо да се насочиме кон капитални инвестиции во самиот старт на годината, уште пред почетокот на оваа пандемија, уште тогаш имавме пад на индустриското производство, пад на капиталните расходи, а сега доаѓаме и со ребалансот кој што е клучен за надминување на оваа фаза на пандемијата што влијае на економијата, рече Јорданов.

Тој вели дека кога веќе се носи нов ребаланс на буџет, требаше да се согледа првата и основна ракота, која е целта на новиот ребаланс, а целта е справувањето со последиците од здравствената и економска криза, а во предвидениот освен еднократна помош за одредени целни групи на граѓани нема мерки кои реално ќе помогнат во справувањето со кризата.

– А гледаме дека имаме пад на приходите и пад на индустриско производство, пад на извозот она што е клучно за секоја економија за да може да се движи во права насока. И во една ваква состојба, наместо да ги зголемуваме капиталните расходи, наместо да се зголемува економската активност на компаниите, на државата ние освен популистички мерки кој што и во претходниот ребаланс но и со овој ребаланс, популизмост излегува на виделина а не суштина која што е потребна, истакна Јорданов.

Тој вели дека, ако навистина сакаме да и помогнеме на економијата, тогаш власта ќе предложеже други мерки кои ќе значеа раздвижување на економската активност, а кои што не се содржани во овој ребаланс.

– Ова го тврдам, додава Јорданов, затоа што и минатите пакет мерки кои што беа предложени да ја дадат поддршката на компаниите не ги имаа ефектите, затоа што од 550 милиони евра се искористени некаде околу 190 милиони.

Коронавирус