петок, 5. март 2021. Вести денес: 165
home Вести

Јорданов: Оваа Влада во првите 100 дена има најмалку доверба во историјата на Македонија, граѓаните не веруваат дека пописот ќе биде веродостоен

Јорданов: Оваа Влада во првите 100 дена има најмалку доверба во историјата на Македонија, граѓаните не веруваат дека пописот ќе биде веродостоен

Живееме во време кога граѓаните ја оценуваат работата на актуелната Влада, па во првите 100 дена имаат најмалку поддршка за оваа Влада во историјата на Република Македонија, истакна Иван Јорданов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва на дебата на МТВ.

Тој вели дека тоа само по себе покажува дека граѓаните не уживаат доверба во Владата заради девијантните дејствувања кои се актуелни.

Во врска со законот за попис, кој е од суштинско значење за државата Јорданов вели дека чим граѓаните немаат доверба во Владата наместо таа тоа да го поправи, спроведува попис за кој никој не верува дека ќе биде статистичка операција.

-Аномалијата на овој закон е тоа што уште од самиот старт немаше Методологија по која ќе се изведува пописот, а не е точно дека опозицијата го блокирала носењето на законот, затоа што ние не велиме дека попис не треба да има, напротив жалиме што до сега не е спроведен, но ако веќе се прави сега треба истиот да биде веродостоен, посочи Јорданов.

Јорданов објасни дека забелешките од страна на ВМРО-ДПМНЕ не беа прифатени, како и прва причина зошто требаше да биде пописот одложен е пандемијата затоа што далеку поразвиени земји истото го сторија.

-Втора причина е дека Методологијата треба да биде јасна и начинот на кој ќе се спроведува, а ние носиме закон два месеци пред попишувањето, и не знаеме во тек на пандемија како ќе се одвива пописот, се ова не дава за право да веруваме дека ќе биде веродостоен овој попис, затоа што оваа Влада велеше дека граѓаните ќе имаат бесплатно здравство, тоа не се случи, велеа дека нема Анекс на договорот со Бугарија видовме дека има, велеа ако се излезе на референдум ќе бидеме членови на ЕУ, еве не сме членови на ЕУ, како да веруваме дека процесот на попис ќе биде како што сега велат, критикуваше пратеникот Јорданов.

Коронавирус