четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 139
home Вести

Јорданов: Отпуштања на неистомислениците наместо проекти, приоритет на локалната власт во Штип

Јорданов: Отпуштања на неистомислениците наместо проекти, приоритет на локалната власт во Штип

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека поминале два месеци откако СДСМ е на власт на локално ниво.

-Наместо напредок и подобрување на ветениот „живот“ за граѓаните, станавме сведоци на реваншизам и задоволување на тесно партиските интереси на локалното раководство. Очигледно е дека реформите кои ќе се случат во администрацијата и за кои постојано зборува СДС, не подразбираат системски промени кои ќе се базираат на искуство и долгогодишна работа, туку само селекција и елиминација на неистомисленици на партијата на власт, вели Јорданов.

Тој вели дека проектите и делата не се врвни приоритети на локалната власт, туку отпуштање на кадарот кој долги години работи во локалната самоуправа, училиштата и градинките и на тоа место, вработување на кадарот на партијата на власт.

– За да биде апсурдот уште поголем, овој партиски реваншизам на СДС се случува во очи на новогодишните и божиќните празници. Стотина луѓе празниците ќе ги дочекаат во очај и незадоволство од предвидените реформи кои не се спроведуваат. Ова го отвора прашањето: Дали девизата на Зоран Заев – „ќе јадеме живи луѓе“ се претвора во водилка при работата на оваа партија?, прашува Јорданов.

Претседателот на ВМРО-ДШМНЕ Штип додава дека повеќе од јасно е дека таканаречениот животот кој дојде е живот само за неколку фамилии во СДС.

Коронавирус