вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 135
home Вести

Јорданов од пред карабината на Клиничката болница во Штип: Оваа болница петта година по ред стои недовршена, што треба да се случи за Заев да ја доизгради?

Јорданов од пред карабината на Клиничката болница во Штип: Оваа болница петта година по ред стои недовршена, што треба да се случи за Заев да ја доизгради?

Ова зад мене е недовршената Клиничка болница во Штип, која што 5-та година е во застој. Се прашувам колку човечки животи треба да згаснат, колку корона бранови треба да се случат за да власта сфати дека изградбата на оваа Клиничка болница треба да биде приоритет? – истакна денес Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја користам оваа прилика да го поздравам градоначалникот на општина Штип кој што во овој момент се наоѓа на некоја од плажите во Грција. Единствен начин да се спасат човечки животи е да го искористите вашето влијание како градоначалник да направите притисок врз вашиот ментор Зоран Заев и после пет години застој конечно да ја доврши изградбата на оваа Клиничка болница“ – истакна тој.

Коронавирус