среда, 28. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

Јорданов: Министерката за образование и градоначалникот на Штип промовираат и се сликаат со веќе реализиран проект на ВМРО-ДПМНЕ

Јорданов: Министерката за образование и градоначалникот на Штип промовираат и се сликаат со веќе реализиран проект на ВМРО-ДПМНЕ

При вчерашната посета на министерката за образование и наука и на градоначалникот на општина Штип на Основото училиште „Славејко Арсов“ бевме сведоци на едно бесрамно и неморално однесување, имено, тие се промовираа и сликаа со веќе реализиран проект со изготвена спортска сала во населба Баби, истакна денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов.

-Жителите на населба Баби добро знаат кога е започната и кога е изградена оваа сала, па сакам да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам за промоцијата на мерките и делата на ВМРО ДПМНЕ, но во исто време да им порачам да се зафатат со работа, да престанат со манипулации, со сликање, со дебати, со анализи, туку да се зафатат со организирање на конкретни дела и проекти затоа што граѓаните на општина Штип тоа од нив го очекуваат и го бараат, додаде Јорданов.

Коронавирус