среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 130
home Вести

Јорданов: Мерките на владата не вродија со плод, имаме за една година околу 55.000 невработени граѓани

Јорданов: Мерките на владата не вродија со плод, имаме за една година околу 55.000 невработени граѓани

Добро поучени од претходниот период она што е општ впечаток, а и податоците од Заводот за вработување кажуваат дека мерките кои што биле имплементирани не вродиле со плод. И тоа е очигледно затоа што дури 55.000 наши сограѓани како последица на пандемијата и на здравствената и економска криза останале без работа, нагласи Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ при своето гостување во „Вин вин“ на телевизија Телма.

Јорданов посочи дека очигледно е дека финансиската и здравствената криза имало директно влијание врз стопанството и затоа вкупно во Македонија за оваа година бројот на невработени лица е 55.000.

– Во Македонија има нови 55.000 невработени луѓе кои што очекуваат од државата поддршка односно отворање нови работни места. Имавме цели дејности во стопанството кои што беа затворени. И нормално е дека ќе бидат видливи овие невработени лица односно овие луѓе кои што останале без работа. Сега суштината е тоа што пакетите кои што поминаа, четири пакети во висина од некаде околу една милијарда евра задолженост на државата не се искористија во насока на подобрување на бизнис климата, односно на директна поддршка на стопанството, рече Јорданов.

Јорданов посочи дека 300 милиони евра се искористени од една милијарда предвидени и говори за тоа дека не вродила со плод мерката која што Владата во оваа година ја употребила за ублажување на финансиската и на здравствената криза.

– Дополнително на тоа што сите овие средства се потрошија наменски, краткорочно за помагање можеби само на јавната потрошувачка. Затоа што вие кога ќе позајмите пари и кога нема да редуцирате тие средства директно во финансиска поддршка на компаниите, и преку тоа што државата би инвестирала наменски во индустрија која што ќе биде двигател во економијата, вие на долг рок се соочувате со проблемот со кој што ние допрва ќе се соочиме. Намален е фискалниот простор, оваа година 2021 затоа што државата практично потроши милијарда евра, а ефектите од трошењето на овие средства компаниите и граѓаните не ги гледаат, кажа Јорданов.

Јорданов рече дека тој како претставник на народот кој секојдневно комуницира со граѓаните и компаниите, и од она кое што може да посведочи е дека парите се потрошени, но состојбата со стопанството е се уште лоша. Предвидените 50 милиони евра за петтиот пакет нема да вродат со плод, бидејќи власта нема ниту стратегија за решавање на здравствената криза.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија