понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Вести

Јорданов: Македонија ќе ги надживее овие јаничари кои ја парчосуваат

Јорданов: Македонија ќе ги надживее овие јаничари кои ја парчосуваат

Денес сме овде да дадеме морална поддршка на нашите браќа патриотите, да им порачаме да истраат во борбата затоа што ќе изгрее сонцето на слободата. Македонија ќе ги надживее сите нив ќе ги надживее овие јаничари кои ја парчосуваат Македонија, истакна Иван Јорданов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот протест пред КПУ, Казнено-поправен дом Штип, под мотото „Собир за слободатa“.

-Браќа и сестри ние сме Македонци затоа што зборуваме македонски, затоа што пееме македонски, затоа што се веселиме на македонски. На нашите патриоти браќа и сестри се Македонци затоа што страдаат на македонски затоа што страдаат за татковината за Македонија, рече тој и додаде:

„И ако некогаш се соочите со неправдите сетете се на нашите браќа кои што се за неправда затворени овде, затворени како многумина Македонци низ историјата, кои се запишани со златни букви, но најважно од се, се запишани во нашите срца како што се запишани и нашите браќа кои се овде неоправдано осудени. Но, исто така има многу одродени Македонци кои биле и ќе останат на темните страни на историјата“.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија