сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 41
home Вести

Јорданов: Легитимно е да бараме предвремени избори, анкетите покажуваат владата нема поддршка и доверба од граѓаните

Јорданов: Легитимно е да бараме предвремени избори, анкетите покажуваат владата нема поддршка и доверба од граѓаните

Сосема легитимно е опозицијата да бара предвремени парламентарни избори кога власта испорачува лоши резултати вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов во вечерашното гостување во емисијата Анализа на телевизија 24.

Пратеникот Јорданов, додаде дека состојбата во државата е влошена а тоа го покажуваат и извештајот на Транспаренси Интернешнл кој според индексот на корупција ја рангира Македонија на 111 место, како и извештајот на Економист кој ја рангира Македонија како хибриден режим.

-Имаме пад на БДП, има пад на странските директни инвестиции, имате зголемување не невработеноста, имате рангирање по индексот на корупција на економски слободи од меѓународни институции, Транспаренси Интернешнл ја рангира Македонија на 111 место, Економист ја рангира на 78 место во рангот на групите на хибриден режим и сето ова го потврдува тоа што ние го говориме, истакна тој и рече дека и новите анкети и истражувања покажуваат дека оваа влада има најмала поддршка и доверба од страна на граѓаните во првите 100 дена, вели Јорданов.

Тој додава дека дополнително најновите истражувања и анкети кажуваат дека оваа влада е влада која што има најлоша поддршка и најмала доверба од граѓаните во првите 100 дена. Тоа само по себе говори дека ситуацијата се влошила од последните парламентарни избори до денеска, посочи Јорданов.

ЕУРО 2020

Македонија