четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 46
home Вести

Јорданов: Кој профитира кога граѓаните губат?

Јорданов: Кој профитира кога граѓаните губат?

Кај кого ќе завршат 9 милиони евра профит? Ова е прашањето кое го поставуваат граѓаните во однос на зголемувањето на акцизата за нафтените продукти. Владата удри по народот со зголемувањето на акцизата. Се спроведува транспарентен грабеж од страна на Владата, ова денеска преку прес-конференција ги истакна Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

-Република Македонија има потреба од 5 милиони литри екстра лесно гориво, а се увезува 55 милиони литри, оваа разлика од 50 милиони литри е во вредност од 9 милиони евра. Каде завршуваат останатите 50 милиони литри гориво, во кој џеб завшрува профитот од 9 милиони евра? Власта наместо во интерес на граѓаните работи во интерес на мала група олигарси блиски до СДСМ. Ова што го прави Владата на СДСМ го нема никаде во светот, во услови на криза удира по џебот на граѓаните, а товарот на вакта мерка ќе падне на најпогодените односно малите и средни претпријатија. Токму поради оваа причина ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на превозниците против покачувањето на акцизата. Додека во државите директно се исплаќаат средства на граѓаните за да можат да ја пребродат кризата кај нас Владата на СДСМ сака да земе од граѓаните за да ја пополни буџетската дупка која е дирекен резултат на неспособноста на власта и криминалите изминатите 3 години, вели Јорданов.

Тој додава дека повисоките цени на горивата ќе бидат директно резултат на погубните полиитки на власта и директна поседица на кримиманлната банда на Заев. Повисоките цени на горивата може да повлечат сосебе и дополнителни ценовни шокови и поскапувања на другите основни продукти.

-Заев и Спасовски имаат пари за СЈО и за партиски вработувања а немаат за капитални инвестиции.СДСМ по кој знае кој пат го разочара македонскиот народ и потврди дека наместо да работи за државниот, работи за партискиот и личниот инерес на малкумина, рече Јорданов.

ЕУРО 2020

Македонија