понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 88
home Вести

Јорданов: Иницијативата за собирање на потписи го рефлектира мислењето на граѓаните, 100.000 семејства се против дивеењето на власта со Законот за попис

Јорданов: Иницијативата за собирање на потписи го рефлектира мислењето на граѓаните, 100.000 семејства се против дивеењето на власта со Законот за попис

Заедно со народот отпочнавме иницијатива за собирање на потписи. Иницијативата за собирање на потписи е она кое што го рефлектира мислењето на граѓаните во Република Македонија. Интересот за она што ние го отпочнавме верувајте од ден на ден е се поголем. И тоа го кажуваат и самите бројки, кои што се движат некаде околу стотина илјади, рече Иван Јорданов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Што не е јасно“.

Јорданов додаде дека тоа се околу 100.000 семејства кои што се против дивеењето на власта со Законот за попис. Тоа се стотина илјада семејства кои што се загрижени од тоа во која насока се движи Република Македонија со оваа ненародна власт.

„Ние како парламентарна група, како пратеничка група можеме да предложиме измени, можеме да предложиме закон со кој што бараме да се стопира веќе постоечкиот Закон во Собранието и без овие потписи, но сакаме да презентираме пред сите чинители во општественото живеење во Република Македонија дека ова не го зборуваме од политички побуди, не го зборуваме ова за тоа што на ВМРО-ДПМНЕ му одговора да во Република Македонија во овој момент да нема попис, туку затоа што тоа е она кое што го чувствуваат граѓаните. И тоа се рефлектира преку овие потписи кои што секојдневно ги даваат и јас сум убеден дека бројката од ден во ден се повеќе и повеќе ќе се зголемува“, истакна Јорданов.

Јорданов посочи дека овој процес на собирање потписи беше планирано да се одвива неколку недели. А подоцна со поднесувањето на законот ќе се докаже дека не е само ВМРО-ДПМНЕ против пописот, туку и самите граѓани.

ЕУРО 2020

Македонија