сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 2
home Вести

Јорданов: Градоначалникот на Штип ветуваше инфраструктурни проекти, но наместо урбанизација добивме импровизација (ВИДЕО)

Јорданов: Градоначалникот на Штип ветуваше инфраструктурни проекти, но наместо урбанизација добивме импровизација (ВИДЕО)

Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека изминаа 100 дена од мандатот на новиот градоначалник на Штип и дека доколку се направи ретроспектива на што ветил, а што исполнил ќе се наиде на празни зборови и ветувања кои нема да се исполнат.

– Изминативе 100 дена сме сведоци само на популистички најави и проекти во обид, а ветеното во програмата останува само на хартија. За агресивно ветените капитални проекти, градоначалникот се уште користи додавки за идно време, затоа што од нив нема ни трага. Популистичкиот метод на работа излезе на виделина уште на почетокот на неговиот мандат, иако наследно позитивно салдо на сметката на општината, обврската за исплатата на платите на вработените во јавноста ја претстави како најголемо лично достигнување и нов начин на работа. Во кампањата ветуваше град без отпад, решавање на сообраќајниот хаос, нови фасади на зградите, бесплатна бања и превоз за пензионери, чиста вода за пиење во сите населби како и низа други инфраструктурни проекти, но наместо урбанизација добивме импровизација, рече Јорданов.

Тој додаде дека општината во овие 100 дена наликува на организација која склучува меморандуми за соработка и организира настани и претстави за да може градоначалникот да биде присутен во јавноста.

– Единствено нешто што направи во овие 100 дена, е отпуштање на неистомисленици од работа, партизација и поставување на несоодветни кадри на раководни функции и незаконско назначување членови во Управни и Надзорни одбори. Да ве потсетиме дека граѓаните на Штип гласаа за живот со: жичара до Исарот, спортско рекреативен центар во Суитлак, обиколница од бул. Гоце Делчев до ново село, па затоа, ве охрабруваме: да се фокусирате на вашата изборна програма, да ја разгледате од почеток и да започнете да ги реализира проектите од истата, рече Јорданов.

Коронавирус