среда, 5. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

Јорданов: Фрлање на амандманите во контејнер на еден симболичен начин е фрлање на демократијата во Македонија

Јорданов: Фрлање на амандманите во контејнер на еден симболичен начин е фрлање на демократијата во Македонија

Гостин во емисијата „Алфаскоп“ на Алфа Телевизија беше Иван Јорданов, член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ на еден легитимен и демократски начин поднесе амандмани во Собранието, кои пак на еден недемократски начин беа фрлени во контејнер.

-Поднесувањето на 35 илјади амандмани е начин, стратегија на еден легитимен демократски начин на делување на нашата пратеничка група воедно во вакви недемократски услови. Она што се случи во текот на вчерашниот ден и при самото поднесување на амандманите од нашата пратеничка група, фрлањето на амандманите во контејнер е на еден симболичен начин фрлање на демократијата во Република Македонија, потенцираше Јорданов.

Јорданов истакна дека поднесувањето на амандманите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ значи аргументирање на она што го посочуваат во јавноста, а тоа е дека овој закон кој што треба да се донесе е неуставен и не може на ваков начин да биде донесен.

-Нашата цел со овие амандмани е да направиме корекција на моментално предложениот закон за употреба на јазиците. На овој начин да не дозволиме продлабочување и на така кревката средина во која што живееме. Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ има голема одгвоорност во целиот процес и дека на овој начин, со враќањето во Собранието ќе успееме да го преточиме тоа јавноста. Да ја повикаме експертската јавност исто така да се вклучи, рече Јорданов.

Коронавирус