понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 39
home Вести

Јорданов: Филипче не изгради ниту еден здравствен објект, но затоа гради приватни згради

Јорданов: Филипче не изгради ниту еден здравствен објект, но затоа гради приватни згради

СДСМ – Урбанистичка, ниту се грижи за здравјето и доброто на граѓаните, ниту мисли да сработи за позициите кои што ги заземаа. Во Европа започнува вториот бран на епидемијата, а во Македонија се уште коси првиот бран од корона, обвинува Иван Јорданов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција

Министерството за здравство е окупирано од министер за ширење на зараза и смрт, а сега за негов заменик се поставува партнерот со кого се влезени во градежна експанзија, ама лична, на Водно, познато како „Шпанско село 2“.

Венко Филипче, наместо да изгради барем една болница, барем да ја довршеше Клиничката болница во Штип, а не цел клинички центар за што лаже повеќе години, тој гради згради заедно со дел од неговите доктори.

Болницата во Штип тапка во место, ама зградите на Филипче брзо се градат.

Венко Филипче, како министер, се јавува како сосопственик на цела една зграда во скопско Козле. Венко Филипче прво станува сосопственик на семејна куќа, на атрактивна локација, на докторка од Институтот за фармакологија при Медицинскиот факултет, за потоа на местото на семејна куќа да изгради цела зграда од околу 570 метри квадратни.

Да биде поинтересно, министерот – инвеститор, ја овластува неговата докторка таа во име на двајцата да врши правна комуникација со институциите при изградбата.

Венко Филипче мора да одговори, до кога мисли да гради згради, на сметка на девастирање на здравството?

Филипче мора да одговори, уште колку згради треба да никнат на негово име, пред да видиме било каков нов здравствен објект?

Е па почитувани, мафијата на власт, на местото министер за здравство, во ова време на смртоносна епидемија, поставува градежен инвеститор. Мафијата на власт се уште ја држи под тепих аферата „Касарната на Филипче“ и скандалот „Шпанско село 2“ на падините на Водно, а за министерот за ширење на зарази и смрт добива уште една зграда.

И згора на се, наместо истрага и повлекување или негова замена, мафијата на власт, за заменик министер го поставува Илир Хасани ортакот на министерот Венко Филипче со кого имаат заеднички градежни зафати во „Шпанско село 2“, додека третиот нивен сосопственик на име тендери од здравството му се исплатени приближно седум милиони евра. Ниту антикорупционерите, ниту обвинителството не се фати да ги расчисти „Шпанско село 2“ и другите афери, а сега двајцата главни во скандалот го добиваат целото здравство на дланка.

Мафијата на власт не остава избор. Или мафијата или Македонија!

Коронавирус