недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 68
home Вести

Јорданов до Бочваски: Поднесов амандман за гасификација на Штип, вие четврта година лажете за овој проект бидејќи не го реализиравте

Јорданов до Бочваски: Поднесов амандман за гасификација на Штип, вие четврта година лажете за овој проект бидејќи не го реализиравте

Само по себе говори колку лошо е поставен буџетот кој што е предложен во собрание на Република Македонија, самиот број на амандмани говори дека ние како одговорна опозиција предложивме наши предлози и идеи, односно амандмани со кои што сакаме да го подобриме квалитетот на животот на сите граѓани на Република Македонија. Во овие амандмани се содржани капитални инвестиции во кои најмногу се предизборни ветувања на власта,а кои што не се реализирани, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

Јорданов вели дека тој еден од амандманите кои што ги поднел е токму нереализираното ветување на владата на СДСМ, за гасификација на општина Штип.

Еден од амандманите кои што ние го предлагаме овде е Бочварски од Штип кој што исто така ветуваше дека во Штип ќе има гасификација, а еве четвра година во Штип нема гасификација во секој дом. Еденод амандманите кои што јас лично го поднесов во собраниска процедура е да се одвојат средства од буџетот на општина Штип. Тоа е нешто што беше ветувано а не е реализирано, посочи тој.

Јорданов, му порача на Благој Бочварски дека нечесно е и за овие локални избори да ветува гасификација а да не каже пред граѓаните дека додека го ветува овој проект, за истиот ги крати средствата во буџетот на Република Македонија, посочувајќи дека се уште се нема направено основен проект за гасификацијата односно како што му рече Јорданов, вие не знаете што има под земја и дали општина Штип вака како што е позиционирана може да дистрибуриа со секое семејство гасовод.

Четврта година зборувате дека ќе ја гасифицирате општина Штип, а немате подземен катастер. Како ќе ја гасифицирате општина Штип, а зборувате за 20 километарска линија што треба да го гасифицира секој дом, а немате направено основен проект, во кој што вие не знаете што има под земја. Дали сте се запрашале дали општина Штип како што е позиционирана дали може да се дистрибура до секое семејство гасовод. Ова се работи кои што треба да бидат кажани на граѓаните затоа што нереално е пред секој изборен циклус да се манипулира. Еве сега гледам за оваа изборна кампања за локалните избори во Штип се спомнува гасификација, нечесно е во буџетот да кратите средства кои што треба да бидат одвоени за гасификација, а во исто време да ветувате дека ќе правите гасификација, рече Јорданов.

Коронавирус