четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јонуз: Потребни се нови луѓе и во албанскиот и во македонскиот блок

Јонуз: Потребни се нови луѓе и во албанскиот и во македонскиот блок

Претстојните парламентарни избори се сериозен предизвик за земјата, но и за политичките партии во земјата, а особено за албанските. Аналитичарите велат дека изборите треба да донесат нови, чисти фигури и стручни професионалци, кои можат да одговорат на новите предизвици.

Продолжението на компромитираните фигури на политичката сцена и кампањите со национална романтична реторика, според аналитичарот Агим Јонуз, само ќе изгледа како празна борба за моќ и без конкретна понуда за граѓаните.

-И сега, ноќта пред датумот за отпочнување преговори со ЕУ, најголемото лицемерие е тоа што имаме ниво на меѓународни односи и ниво на меѓудржавни односи. Во рамките на државата имаме рохомонијада на луѓе што барем во голем процент, 70 до 80 проценти дефинитивно мора да исчезнат од политичката сцена. Освен тоа што албанската страна нема паметен народ, но има многу мудри луѓе. Но, проблемот е во тоа што тие не седнуваат на маса и да извадат подлога, малку е важно дали е член на ДУИ, Алијанса, Алтернатива или Беса “, рече аналитичарот Агим Јонуз.

Јонуз вели дека и во македонскиот политички блок, сегашниот политички момент бара професионалци и кадри кои ќе бидат достојни да ја претставуваат државата на меѓународната сцена и да развијат цврста комуникација со Европската унија.

Тој вели дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да седнат и да размислат да бараат најдобри и најсоодветни луѓе и да се стави крај на нивните препукувања околу прашањето кој најмногу и наштети на Македонија.

-Тука веќе нема никакви интереси. Постојат две нивоа, првото нивото на државниот елемент кој вели или ние градиме здрава граѓанска држава каде што многу работи се веќе дефинирани, или ние градиме елемент на држава и правиме пропаганда заснована врз она што го правевме веќе 30 години и е контрапродуктивно, што доведе до многу антагонизми. Односно, во македонскиот блок, без разлика дали сакаат или не, на политичката сцена мора да бидат изразени и продуцирани нови луѓе кои, во оптек на европската комуникација на политичко ниво, ќе бидат достојни да ја претставуваат Македонија, без разлика дали е ВМРО или СДСМ, и така натаму “, рече Јонуз.

Аналитичарот Агим Јонуз вели дека партиите не треба да се анатетизираат како целина, туку партиските лидери мора да седнат и да ги изберат најквалитетните фигури за кои вели дека постојат во сите политички кампови и да се натпреваруваат со нив на изборите на 12 април.