недела, 27. септември 2020. Вести денес: 41
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Јолевска – Попоска: Најголемите забелешки на бизнисмените во однос на економијата во 2019-та e тромата државна администрација

Јолевска – Попоска: Најголемите забелешки на бизнисмените во однос на економијата во 2019-та e тромата државна администрација

Според Јованка Јолевска – Попоска, генералната директорка на “Про-кредит банка” малите и средните претпријатија не го почувствуваа предвидениот економски раст на владата. Во емисијата “Што не е јасно” на телевизија Алфа на тема “2019-та беше најавувана како економска година, но според бизнисмените завршува како година во која доминираа политичките случувања и не се водеше многу сметка за стопанството”, таа истакна дека најголемите забелешки на бизнисмените биле околу спората јавна администрација која со денови и месеци не им ги издавала потребните документи и дозволи за да можат да аплицираат за кредити во банките.

-Малите и средните претпријатија не го доживеаа предвидениот економски раст на оваа влада. Нивната реакција беше дека не е тоа што очекуваат и не е само разговорно, туку впрочем тоа се гледа и преку она што ние како банки го сработувавме во текот на 2019-та година, колку навистина фирмите бараа пари за нови инвестиции. Најголемите забелешки кои бизнисите ги имаа во однос на функционирањето на економијата во 2019-та, беше тромата државна администрација. Значи за да можете да покренете некои економски активности воглавном сето тоа е поврзано со документации, дозволи и така натаму, што се бара од општинска или централна власт. И тука имаше прилично забавени процеси и многу време потребно за добивање на потребните документи. Ако го гледаме кредитирањето на фирмите до деветиот месец 2019-та, е на исклучително пониско ниво од кредитирањето на физичките лица и домаќинствата, рече Јолевска – Попоска.

Коронавирус