среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 148
home Вести

Јохан Тарчуловски за СДСМ беше воен злосторник, а командант Хоџа е херој

Јохан Тарчуловски за СДСМ беше воен злосторник, а командант Хоџа е херој

Воен злосторник, криминалец, тепач и ред други „епитети“ од страна на СДСМ и порталите блиски до нив му беа давани на Јохан Тарчуловски, кога се дозна дека тој ќе биде кандидат за градоначалник на Кисела Вода. Но, лицемериото на СДСМ многу брзо излезе на виделина.

Од таму владее молк во врска со назначувањето на т.н. командат Хоџа или како што се нарекува тој владетелот на Танушевци. Но, споредба помеѓу Тарчуловски и Хоџа во никој случај не може да имa. Тарчуловски беше еден од оние кои застанаа во борба против терористите во 2001 година, а командант Хоџа дигна оружје против Македонија и македонскиот народ каде загинаа десетици војници, а толку фамилии останаа завеани во црно.

Но сега не гледаме статуси на функционерите на СДСМ. Нема ниту една изјава од нивна страна, Фејсбук статус, твитер или било што да се осуди ова. Хоџа е еден остаток од едно време кој се до ден денес се провлекува така. Кој бил мотивот Заев да го земе и тоа како советник со пристап речиси до сите безбедносни агенции не е познато, но во јавноста се шпекулира дека на овој начин се враќаат некои стари долгови или дека можеби е предмет на уцена. Какви долгови или каква уцена ќе покаже времето.

Оттука се поставува прашањето ако Тарчуловски беше злосторник, криминалец, убиец, тогаш што е Хоџа ако се гледаат критериумите на СДСМ !? Борец за човекови права ? Се борел против репресијата ? Баш би било интересно кое е мислењето на функционерите и пратениците на СДСМ, но за жал јанвоста тоа не може да го види, зошто го нема. Нема никаква реакција.

Со своја изјава вчера излезе само премиерот Заев, со смешно тврдење каде вели дека Хоџа требало да го прехранува своето семејство, што претставува голем апсурд и лицемерие. Ако во иднина ако се појават и други команданти и тие ако сакаат да си го прехранат семејството дали тоа треба да значи дека и тие треба да се вработат во Влада како советници?

Но, затоа Мухамед Зекири потпретседателот на СДСМ многу јасно го кажува својот став во врска со Јохан Тарчуловски. Тој го карактеризира Јохан Тарчуловски како воен злосторник. Сега би било интересно да се види кој е коментарот на Зекири за Хоџа, кој во заложништво држеше цело село.

Локални избори 2021