четврток, 6. август 2020. Вести денес: 170
home Вести

ЈО: Жител на Василево на бензинска нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија

ЈО: Жител на Василево на бензинска нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на предвремените парламентарни избори,  ја известува јавноста дека до 13.00 часот во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса , пристигнати се неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности.

Денеска во Основното јавно обвинителство Струмица е доставено известување за лице кое на бензиска станица во с. Василево, нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издаде наредби за обезбедување на видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите.

Во струмичкото обвинителство примени се известувања за уште два настани, случени вечерта на 14.07.2020 година. Едниот во с. Добрадинци каде околу 21.00 часот лице нудело пари за да се гласа за определена политичка партија. Вториот настан се случил во с. Дражево, каде околу 21.50 часот лице вработено во Центарот за социјални работи вршело агитација со закани за да се гласа за определена политичка партија.

Во Основното јавно обвинитлство Кочани се преземаат дејствија за расчистување на вкупно шест настани пријавени до овој момент. Се однесуваат на наводен изборен поткуп и за агитирање со организирано носење гласачи до избирачките места. Се преземаат дејствија за расчистување на настаните.

Во Основното јавно обвинителство Скопје добиено е известување за настан во избирачко место во ОУ Петар Поп Арсов. На лице со истечена лична карта не му било дозволено да гласа, по што тој започнал вербална расправија и со мобилен телефон ги снимил членовите на избирачкиот одбор. Јавен обвинител презеде дејствија за расчистување на настанот.

На електронската адреса на која граѓаните можат да пријават сомненија за изборни нерегуларности денеска се пристигнати вкупно пет известувања. Преставници на една политичка партија испратија четири известувања за наводен поткуп на гласачи кои се вршеле во избирачки места во Кочани. Известувањата се итно проследени во надлежното Основно јавно обвинителство Кочани и по нив се постапува.

Основач на граѓанска организација испрати известување за наводни изборни нерегуларности кои се вршеле преку агитирање на социјалните мрежи. Известувањата се проследени и се предмет на постапување во надлежните обвинителства.

По сите известувања се постапува итно и со приоритет, согласно насоките дадени од Комисијата.​

Коронавирус