сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 14
home Вести

ЈО се произнесе за замената на мерката притвор со куќен притвор за Катица Јанева

ЈО се произнесе за замената на мерката притвор со куќен притвор за Катица Јанева

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги следи реакциите по донесената одлука на Апелациониот суд Скопје за замена на мерката притвор со куќен притвор за обвинето лице во случајот „Рекет“, стои во нивното соопштение.

-Како единствен државен орган кој е надлежен за кривично гонење и се грижи за законитоста на кривичниот прогон, јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судската власт. Реакцијата на надлежниот јавен обвинител во предметот треба да се разбере како израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и поднесено обвинение, очекува судска разрешница, велат од Јавното обвинителство и додаваат:

„Јавното обвинителство во извршувањето на функцијата ја заштитува законитоста и се залага за почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, принципот на владеење на правото и во таа насока обвинителството ќе ја продолжи соработката со надлежните институции и судски органи“.

Коронавирус