вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

ЈО ќе истражува законитост на работењето на АНБ – Димитриев: Селекцијата на кадрите од УБК во АНБ е искромпромитирана

ЈО ќе истражува законитост на работењето на АНБ – Димитриев: Селекцијата на кадрите од УБК во АНБ е искромпромитирана

Комисијата за надзор над работата на УБК ќе бара од Јавното обвинителство да истражи дали се прекршени законите при работењето на новата Агенција за национална безбедност. Од обвинителството ќе треба да истражат дали имало законска можност налозите за следење од претходната УБК да може без прекинат да се продолжат и во новоформираната Агенција. Претседателот на собраниската комисија Емил Димитриев вели дека ваквата состојба ја забележале при нивната прва посета што го имаа на АНБ пред околу две недели. Иако работата од наредбите за следење е иста, вели дека мора да има прекин.

„Оставаме на Јавното обвинителство да донесе заклучок дали со тоа што едни наредби се прекинати со завршувањето на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање а други не се, значи се продолжени во периодот на работење на Агенцијата за национална безбедност. Нашата дилема беше во тој дел бидејќи повеќето членови на комисијата сметаме дека навистина требало да се направи прекин кога завршува УБК и со нова наредба истите тие таргети и броеви да бидат воспоставени од новата агенција“, вели Димитриев.

За обвинувањата дека постои незаконско селекција на кадрите од поранешната УБК во сегашната АНБ Димитриев вели дека се согласува дека тука има компромитирачко работење.

„Не е добро оваа нова институција која што е од витално значење за нашата држава во почетокот на својата работа да ја следат вакви обвинувања бидејќи обвинувањата се сериозни, обвинувањата се на линија на непочитувањето на законот. Полиграфот и тестот за интегритет се законски одредби не се нешто кое што некој треба да ги интерпретира дали треба или не треба“, рече Димитриев.

За ова денеска говореше и претседателката на Антикорупциска комисија Билјана Ивановска која порача дека доколку не се спречи судир на интереси, ќе отворат предмет.

„Јас искрено се надевав дека тоа беше многу добар чекор за да се спречат вакви состојби, меѓутоа очигледно не се спречиле. Како понатаму тоа ќе се реши, не знам. Веројатно ќе отвораме предмети по тие случаи и да бараме некаква разрешница иако најдобро е во самата институција да се бараат решенијата“, изјави Ивановска.

Инаку, на денешната седница на Комисијата се разговараше и за просториите во кои е сместена сегашната Оперативно техничка агенција. Од оваа институција се жалат дека просториите во кои се сместени се под наем за што се плаќа месечно по 7 илјади евра, но поголемиот проблем е што тие не можат ништо да интервенираат во тие простории за да можат да ги адаптираат како што им е потребно за нормална работа.

ИЗВОР: ТВ21