понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 10
home Вести

Јелена Жугиќ и Тони Михајловски се простија од ненадејно починатиот македонски режисер и драматург

Јелена Жугиќ и Тони Михајловски се простија од ненадејно починатиот македонски режисер и драматург

Актерката Јелена Жугиќ на својот Фејсбук пофил напиша статус со кој се прости од ненадејно починатиот македонски режисер Златко Славенски.

Последен поздрав упати и Тони Михајловски до најважниот режисер во неговата актерска кариера.

-Златко Славенски. За мене најбитниот режисер во Македонија, и мојот актерски живот. Единствениот режисер кој ме ангажираше во 16те години незапосленост. Единствениот кој имаше храброст да се спротивстави на директорите во намерата да ме ампутираат од театарот. „Будење на пролетта”, „Пер Гинт”, „Папокот на светот”. Не ја завршивме мојата магистерска во која требаше да ми биде ментор. Почивај во мир другар мој. Нека ти е мирен и светол патот”, напиша актерот за режисерoт Славенски.

Македонскиот режисер и драматург Златко Славенски денес ненадејно почина во Скопје.

Славенски беше вработен како професор на Факултетот за драмски уметности. Тој е роден во Скопје во 1966 година.

Режисерот потпиша бројни театарски претстави меѓу кои се „Соларис“, „Папокот на светот“, „Супернова“ и „Бесови“.

Коронавирус