сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Јавноста удри по Заев за случајот Рекет: „Уште ли верувате во невиноста на Јанева, чистка на сите нивоа, никој никого не апси…“ (ФОТО)

Јавноста удри по Заев за случајот Рекет: „Уште ли верувате во невиноста на Јанева, чистка на сите нивоа, никој никого не апси…“ (ФОТО)

Новинари, политичари, актери, пратеници, градоначалници и активисти во СДСМ удрија по премиерот Зоран Заев денеска откако утринава италијанскиот весник „Ла Верита“ објави трето продолжение од видеото за случајот Рекет.

На видеото Боки 13 зборува со Камчев за Зоран Заев и го убедува дека тој е информиран за случајот и нема да прави никаков проблем, додека Катица Јанева во истото видео му потврдува на Орце Камчев дека работата ќе биде завршена и Лиле Стефанова е под нејзина контрола.

Ова ја подгреа и така вжештената атмосфера во јавноста, па со свои постови на социјалните мрежи се изјаснија новинарите Бранко Геровски, Огнен Јаневски, Сашка Цветковска, Мери Јордановска, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, Владимир Милчин, поранешната пратеничка Софија Куновска, Ивор Мицковски, но и професорот Александар Даштевски.