сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 95
home Вести

Јавноста сведок на многуте скандали поврзани со носителите и членовите на листите на СДСМ во ИЕ1 и ИЕ5 (ФОТО)

Јавноста сведок на многуте скандали поврзани со носителите и членовите на листите на СДСМ во ИЕ1 и ИЕ5 (ФОТО)

СДСМ вчера ги претстави своите кандидатски листи со кои ќе се претстави пред граѓаните на претстојните парламентарни избори на 12 април.

Во првата изборна единица листата ќе ја предводи носителот на срамниот договор со Грција Никола Димитров како и Мила Царовска.

Јавноста со името и презимето на Никола Димитров поврзуваат и многу останати скандали освен срамниот договор.

Во минатото јавноста беше сведок на скандалот поврзан со ќерката на министерот Димитров која доби 40 илјади долари стипендија од Владата.

Имено на 4 август 2017 година, само два дена пред распишувањето на локалните избори, министерката за образование Рената Дескоска, со решение број 14-9573/1 формирала комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство. Веднаш, истиот ден (петок) комисијата се состанала и итно одлучила по барањето на Јана Димитрова да ѝ биде доделена државна стипендија за студии во Холандија, на Универзитетот во Утрехт.

Порталот „НетПрес“ неодамна пишуваше за имотот на Димитров проценет на 800 илјади евра, а за школување на ќерка му плаќа државата.

Имено министерот Никола Димитров пријавил дека има стан во Скопје вреден 89.431 евра, едно моторно возило „мерцедес Б180 2011/2011“ вредно 13.008 евра, месечна кирија од околу 500 евра, две девизни книшки од 6.144 односно 10.888 евра.

Добива и надоместок од 1.789 евра за побарување по основ на извршена работа.

Заедно со сопругата имаат стан во Хаг, Холандија вреден 315.973 евра, две девизни штедни книшки од 13.984,  односно 56.675 евра и кредит од 280.865 евра.

Како имот на неговите деца е пријавен еден стан во Скопје вреден 40.650 евра.

Вредноста на имотниот лист на Никола Димитров изнесува 829.908 евра и е пресметана од податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

ВМРО-ДПМНЕ пак неодамна обелодини во јавноста дека министерот Димитров е вмешан во аферата „Рекет“.

-Никола Димитров е вмешан во аферата „Рекет“. Сведок во процесот кажа дека информирал амбасадор за уцените и изнудите тешки 2 милиони евра, кој подоцна го известил Димитров за криминалот и рекетирањето од страна на омилените медиумско-обвинителски партнери на Заев. Наместо веднаш да го пријави криминалот за кој бил информиран, Димитров го прикрива и премолчува. Кои се мотивите за ваквото однесување, треба да утврди некоја идна истрага. Самото непријавување е кривично дело, а органите на прогонот треба да испитаат дали причините се лукративни или на тој начин си ја обезбедувал љубовта и довербата на Заев, потенцираа од партијата неодамна.

Од таму додадоа дека Димитров пред неколку месеци прво излажа дека не бил запознаен со рекетирањето, а подоцна рече дека постои белешка за разговорот со амбасадорот. Доколку службен документ постои јавноста има право да знае што има во него.

Јавноста исто така беше сведок на првиот скандал во 2019 година поврзан со неформалниот сопруг на министерката Царовска кој добивал набавки во четири очи.

Вкрстената проверка на порталот Лидер во Управата за јавни приходи и Централниот регистар, лани покажа дека Горан Георгиевски е единствен сопственик на компанијата „ФЛАЈ КЕМ ДООЕЛ“ – Скопје. Компанијата е основана во 2015 година а од тогаш па наваму во три набрати добила пари од државата.

Последниот договор, Георгиевски го склучил со АД МЕПСО на 10.04.2018. Според него, „ФЛАЈ КЕМ“ за потребите на МЕПСО обезбедила некакви  „Специјални летечки уреди (дронови) за извршување вонреден преглед на ДВ“, вкупната вредност на договорот 779.980 денари.

Според договорот кој е склучен без тендер туку во четири очи помеѓу директорот на МЕПСО и неформалниот сопруг на Царовска, „ФЛАЈ КЕМ“ се должни да обезбедат и обука за вработените во МЕПСО кои ќе оперираат со дроновите.

Јавноста неодамна е сведок и дека министерката за труд и социјална политика од таа позиција стана вицепремиерка, наместо да си даде оставка поради неодговорноста и неработата, а за сето тоа таа беше дури наградена од Заев.

За Дамјан Манчевски кој исто така се најде на листата на изборната единица еден се поврзани исто така скандали кој јавноста не ги заборава.

Имено ВМРО-ДПМНЕ неодамна објави непотизам и искористување на роднинските врски при поставување на директорски позиции.

„Ново поставената директорка на градинката „Буба Мара“ во Аеродром, Елена Устамитова, е во тесна роднинска врска со Министерот за информатичко општество и администрација, како и потпретседател на СДСМ – Дамјан Манчевски, поточно негова братучетка, обвинија неодамна од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром.

За вмешаноста на Манчевски во меѓународен скандал поврзан со дигиталниот самит на западен Балкан кој се одржа во Скопје минатиот април пишуваше порталот Лидер.

Според документите и податоците до кои стигна „Лидер“, под изговор за наводна крајна итност (иако настанот е најавен од ноември минатата година) Министерството за информатичко општество и администрација без тендер, во четири очи, доделило 12.724.632 денари без ДДВ или приближно 245.000 евра со ДДВ на скопската компании Панекс, ДВД 5 и Дигитал Центар.

Компании ги добиле овие 245.000 евра за Техничка поддршка за реализација на Дигиталниот самит на Западен балкан 6, 2018 во Скопје. За набавки од ваков карактер според законот предвидена е тендерска процедура, во која ќе се пријават повеќе компании и ќе се изберат најповолните понуди, но, министерот Дамјан Манчевски одлучил во четири очи да им ги даде парите на овие три компании.

Инаку скандали има речиси за сите членови на СДСМ кои се најдоа на вчерашните листи за пратеници, но речиси најмногу има за носителот на изборната единица пет Радмила Шекеринска.

Шекеринска во јавноста се поврзува од доделување на тендери, набавување на луксузно возило за Шекеринска додека војниците немаат униформи, па се до кумашинот на Бобо и Шекеринска кој станал главен дистрибутер и застапник на „Лотарија на Македонија“, па се до скандалот за кој пишуваше Си-Ен-Ен поврзан со „Дајнерс“.

Коронавирус