понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 102
home Вести

Јавноста со жестока критика за работата на Манчевски и СДСМ, дури 35,6 проценти од граѓаните сметаат дека администрацијата е повеќе партизирана денес отколку пред 5 години

Јавноста со жестока критика за работата на Манчевски и СДСМ, дури 35,6 проценти од граѓаните сметаат дека администрацијата е повеќе партизирана денес отколку пред 5 години

Јавноста критички е настроена кон Владата на СДСМ и работата на минситерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски кога станува збор за партизираноста на јавната администрација.

Огромен дел од граѓаните сметаат дека е партизиран јавниот сектор во Република Македонија. Најновата анкета на емисијата „Детектор“ укажува дека дури 80 проценти од македонските граѓани сметаат дека е партизирана јавната администрација во Република Македонија, додека само 8,2 имаат спротивно мислење.

Она што уште повеќе треба да ја загрижи власта е тоа што дури 55,1 процент од граѓаните сметаадтдека вработените во јавната администрација пред се се посветени на спроведување на партиски активности, додека само 22,3 проценти од граѓаните сметаат дека вработените во јавниот сектор се постветени на професионално извршување на работните задачи.

Во најновата анкета на „Детектор“ дури 66,5 проценти од граѓаните одговориле дека по изборите власта била фокусирана за остварување на своите лични и партиски интереси, додека само 16,4 проценти од граѓаните сметаат дека Владата работела во интерес на државата.

Јавноста е критички настроена кон политиките за вработување во јавната администрација и на актуелната Владата на СДСМ па така дури 35,6 проценти од граѓаните сметаат дека денес партизираноста во администрацијата е поголема од пред 5 години. 41,5 проценти од граѓаните сметаат дека никогаш не би можеле да се вработат во некоја од државните институции без партиска книшка, додека високи 21,8 сметаат дека е тоа маклу веројатно.

Коронавирус