четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 213
home Вести

Јавноста се потсмева со смешните обиди на МВР да ја оправда злоупотребата на службените возила (ФОТО)

Јавноста се потсмева со смешните обиди на МВР да ја оправда злоупотребата на службените возила (ФОТО)

Социјалните мрежи вријат по обидот на МВР да се оправда постапката на директорот при Дирекцијата за јавна безбедност, Лазе Велковски. Поточно, обидот да се побијат доказите дека неговата ќерка заминала во Грција со неговото службено возило.

И тоа без исклучок исмејувањето доаѓа од  сите од страни, пред се од луѓето на СДСМ, блиски до нив, новинари, како и од опозиционери.

Адвокатот Александар Тортевски иронично прашува: „За тоа ли се боревме? Децата со службен Ренџ Ровер да не можеме до камп во Грција да си ги пратиме?“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Актерката Ирена Ристиќ, која беше во првите редови на Шарената револуција, се исмева со оправдувањето од МВР.

„Прочитав божемско соопштение/демант – демек службено лице имало нешто работа со службено возило на службена грчка плажа, нешто таму службено да се пробања и да си напуни службени кеси у Лидл и си викам моите родители (лесна им земја) како би постапиле, да беа на позиции и ако јас ги напнев на темата…“, пишува на својот Фејсбук профил Ристиќ.

Во друг нејзин статус, таа пишува:

Е, па, директоре!

На враќање, нека ме собере ќерка ви од плажа!
До Скопје, машала, има време, ќе и објаснам некои работи!

Стоко непрокопсана, неизживеана, сиромава!

Оставка и одговорност! Одма! Реков, одма!

И Бранка Кус Иванова која беше дел од протестите се прашува:

„Шарената револуција за оваа ли беше? Ем по никакви заслуги си седнаа во фотелји, па уште и децата ќе ги возат џиповите службени! Срамота! Како бре не осеќа дека има морална одговорност да си даде оставка. Министерот требаше да реагира и џипот да си биде паркиран во возниот парк!!!!, пишува Кус Иванова.

Зоран Ивановски кој беше кандидат од СДСМ од дијаспората, се исмева со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Оли има рент а кар Ренџ Ровер во Охрид или само Шкодите се за домашна употреба?“, пишува на својот Фејсбук профил Ивановски.

Новинарот Жарко Јордановски од дневниот весник „Слободен печат“ бара оставка и одговори од МВР.

„И сега, ако е точно ова, што е проблем типов да биде разрешен? Да му биде покрената кривична пријава за злоупотреба на службата, да си одговора и ако треба да си одлежи некоја година? Заев ќе остане без кадар? Или Оливер? Па тоа е поентата, секоја влада е ќар кога ќе „остане“ без ваков кадар. Ајде МВР, истражете веќе еднаш, јавноста чека одговори“, пишува Јорданоски.

И новинарот Горан Момироски се исмева со случајот.

„Џипот бил прототип на беспилотно возило направено од МВР и Елон Муск ама автопилотот испил три ракии во Мрзејнци и случајно качил 4 стоперки по што продолжил на Халкидики. И после само се вратило назад. Се е по закон. Стоперките не биле роднини на автопилотот“, пишува Момироски.

Аналитичарот Александар Пандов бара одговорност од МВР.

„Ако се земе во предвид дека цела униформирана полиција е под директна команда на директорот на БЈБ, а истиот го избира владата, не треба да објаснувам дека по големина и моќ, таа фунција е втора по министерската. Од таа позиција да си дозволиш да даваш возило во сопственост на МВР, на ќерка ти за таа да си шетка по грчки плажи не е пропуст, до ментален склоп е! Само тежок хохштаплер би се вадел и правел будала и себе и народот, за да после ова не поднесе оставка. За зајко, враќањето на џипот во Македонија ќе биде доволно, исто како за “иноваторите”. Не знам што си мислат Заев и Шеќеринска, ама знам дека серијава на гафови во која се влезени, многу лошо ќе им се одрази на излезност на референдум“, пишува Пандов на својот Фејсбук профил.

Инаку МВР демантира дека нивни џип бил користен за одмор во Грција. Оттаму известија дека Одделот за внатрешна контрола и професинални стандарди веднаш добил наредба да изврши проверки и да достави извештај.

-По извршените проверки, констатирано е дека на ден 2 август 2018 година, возилото „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ е управувано од полициски службеник вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти кој возилото го управувал со соодветен службен налог. Возилото во 13.35 часот го преминало граничниот премин Богородица и патувало на територија на Република Грција. Возилото е вратено во Република Македонија истиот ден, 2 август 2018 година. Не е точно дека возилото го управувало неовластено лице, ниту пак дека било управувано од член на семејството на директорот на Биротото за јавна безбедност – велат од Министерството.

Од МВР велат дека ќе бидат направени и дополнителни проверки и по утврдување на сите факти, доколку се утврдат неправилности, ќе бидат преземени соодветни мерки.

Најнови вести

Локални избори 2021