понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 169
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јавноста исклучена од слушање на материјатели од УСБ-то на Кичеец

Јавноста исклучена од слушање на материјатели од УСБ-то на Кичеец

Вратите од судницата каде денеска се одржува рочиштето за случајот „Рекет“ останаа затворени за јавноста.

Зад затворени врати ќе се емитуваат уште три разговори кои на УСБ стик до Судот ги доставил веќе осудениот во Рекет, Зоран Милевски Кичеец.

-Инаку денеска пред да се почнат да се емитуваат овие разговори Вилма Русковска заврши со изведување докази обезбедени преку ПИ мерки како и претставување на анализата на вештачењето на телефонската комуникација на обвинетите, пишува Алсат.

Иако и Катица Јанева и Боки 13 инсистираа разговорите да ги чуе и јавноста, обвинителката Русковска посочи дека со јавно емитување ќе се загрози угледот на лица кои се споменуваат во разговорите. Токму на ваквиот став реагираа обвинетите со објаснување дека при презентација на доказите кои до нив ги доставил бизнисменот Орце Камчев, на јавен линч биле изложени нивните семејства пријатели и блиски роднини.

Судот донесе одлука и го прифати предлогот на Русковска разговорите да ги слушнат само судиите и обвинетите.

Коронавирус