сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Јавноста бруи, а Заев не се чувствува виновен: Не поднесувам оставка

Јавноста бруи, а Заев не се чувствува виновен: Не поднесувам оставка

Јавноста бруи откако вчера руски комичари споделија видео во кое откриваат телефонски разговор со Зоран Заев, а во кој тој договара мито од 100 илјади евра, открива државни тајни, разговори со светски државници, како и нивните мобилни броеви, но според поред премиерот,  тоа не е причина за тој да поднесе оставка.

-Зошто мислите дека е направена таква штета за да има потреба некој да поднесе одговорност? Штетата е во чувството дека е снимен премиерот на Република Северна Македонија, а јас во снимките ги повторувам официјалните ставови. Јас лично сум верувал дека постои тој состанок и зборувам официјално како премиер. Ако некој сум повредил со тие ставови, јас знам да се извинам во тој дел и апсолутно не мислам дека треба да се поднесе одговорност, рече Заев и додаде:

„Јас сум човек подготвен секогаш да поднесе одговорност… Верувам дека ова прашање не е прашање поради кое премиерот треба да поднесе оставка, од ова треба извлечеме поука и да бидеме уште поподготвени да не се случи ова понатака, рече Заев меѓудругото.

Коронавирус