среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 82
home Вести

Јавно обвинителство: ДРИСЛА постапува согласно Спогодбата постигната во министерството за животна средина

Јавно обвинителство: ДРИСЛА постапува согласно Спогодбата постигната во министерството за животна средина

Основното јавно обвинителство Скопје направи проверки постапувајќи по предмет оформен по допрен глас во јануари годинава за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик, а во врска со работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО.

Во насока на утврдување на фактите, беа побарани информации од Државниот инспекторат за животна средина за извршените контроли над работењето на депонијата.

Притоа, Државниот инспекторат за животна средина во одговорот до надлежниот јавен обвинител наведува дека депонијата ДРИСЛА постапува согласно Спогодбата постигната во Министерството за животна средина и просторно планирање, а извршените мерења во кругот на депонијата за квалитетот на амбиентниот воздух покажале дека резултатите од мерењето се во дозволените граници според европското и националното законодавство.

Сепак, и покрај ваквиот одговор, надлежниот јавен обвинител продолжува со проверките во насока на утврдување на фактите во предметот.

Интегрален текст од соопштението на Основното јавно обвинителство

Коронавирус