среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Јавна трибина по повод 80 години од издавањето на стихозбирката “Бели Мугри“

Јавна трибина по повод 80 години од издавањето на стихозбирката “Бели Мугри“

По повод одбележувањето 80 години од издавањето на стихозбирката “Бели Мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин, ќе се одржи јавна трибина на тема: ВОЗМОЖЕН ЛИ Е РАЦИН ДЕНЕС?

На трибината свои излагања ќе имаат македонските филозофи, професори, поети/поетеси и колумнисти, Љубомир Цуцуловски, Мимоза Рајл, Давче Насев, Елена Пренџова и Стефан Марковски. Наратор на трибината ќе биде поетот Филип Клетников.

Трибината ќе се одржи на 18 декември 2019г.(среда), 19:00 часот, во Центар за дизајн и иновации PUBLIC ROOM, Скопје.

Трибината е во организација на институтот СИА ВИСТА, Скопје.