четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Вести

Јавна расправа за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2018

Јавна расправа за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2018

Во организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието денеска ќе се одржи јавна расправа за годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 година.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието, министeрката за труд и социјална политика, координаторките за еднакви можности во министерствата, претседателките и координаторките на локалните комисии за еднакви можности, градоначалниците, претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Државниот завод за статистика, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, Агенцијата за вработување на РСМ, ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, ЗЕЛС, од канцеларијата на Националниот механизам на жртви на трговија со луѓе при МТСП, Институтот за родови студии.

Поканети се и претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, ИОМ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, како и претставници на Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје