вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Вести

Јавна дискусија во Владата по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Јавна дискусија во Владата по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во организација на премиерот Оливер Спасовски денеска во Владата ќе се одржи јавна дискусија за промовирање и подигање на свеста за мајчиниот јазик и културната разноликост по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

-Јавната дискусија, во која ќе учествуваат и заменикот на претседателот во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците  Илхан Рахман, и директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија Илбер Села, е во рамките на подготовките за донесувањето на Програма за покренување на јавната свест за примена на Законот за употреба на јазиците, соопшти владината прес-служба.

Во работниот дел на дискусијата се поканети да учествуваат и гости од општествената и академската заедница од земјата и од странство, како и претставници на граѓански организации.

Коронавирус