среда, 19. септември 2018. Вести денес: 131
home Вести

Јавна дебата за потребата од дисперзија на градски болници во Скопје

Јавна дебата за потребата од дисперзија на градски болници во Скопје

Јавна дебата за потребата од дисперзија на градски болници на повеќе точки на територијата на град Скопје ќе се одржи денеска во Музејот на современа уметност, во организација на Министерството за здравство.

На јавната дебата ќе учествуваат министерот за здравство Венко Филипче, в.д. директорот на Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Иван Спировски и планер урбанистот во Агенција за планирање простор, Иван Арсовски.

По завршувањето на јавната дебата ќе бидат претставени и идејните решенија за новата градска болница.

МИА