сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Јаулески: Власта на Зоран Заев ја уништи иднината на младите

Јаулески: Власта на Зоран Заев ја уништи иднината на младите

Ми беше чест да ја отворам единасеттата ораторска вечер посветена на великанот Петар Поп – Арсов, во организација на УМС Велес. Дозволете ми најпрвин да им посакам течна мисла и добар говор на сите учесници. Мислата преточена во пишан збор е најсилното оружје на 21 век. Вие низ вашите говори ја опишувате реалноста во која живееме и давате пример за иднината која треба допрва да дојде. Живееме во мачно и црно време невреме. Власта на Зоран Заев ја уништи иднината на младите, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески кој додава:

„Секој ден се повеќе млади се решаваат да ја напуштат Македонија и среќата да ја побараат некадедалеку од својот роден дом. Оние кои сепак остануваат се соочуваат со мизерни услови за живот. Време е да се стави крај на безнадежноста и апатијата во кој е западната државата. Во интерес на нас младите е Македонија да тргне напред. За да тргне напред потребна е оваа ненародна власт да си замине. Доаѓа време за обнова на Македонија, а вие сте предводници на таа обнова. Вие младите луѓе со цел и визија ќе бидете составен дел од обновата која мора да дојде. Нашиот сон е за силна Македонија, економски и технолошки напредна. Македонија лидер во регионот. Да живее Македонија!“

Коронавирус