недела, 19. мај 2019. Вести денес: 67
home Вести

Јаулески: УМС ќе финансира тест за дрога за да ја расчистиме дилемата со Богоевски

Јаулески: УМС ќе финансира тест за дрога за да ја расчистиме дилемата со Богоевски

Ја следам ситуацијата со Павле и се чудам, но да почнам од почеток.
Маслото од канабис се продава во аптеки, тоа е легално и доколку е за лекување, истото со лекарски рецепт може да го подигне секој.
Доколку е за друга употреба истото е нелегално и користењето и тргувањето со истото е кривично дело. Се надевам не планираш да ја попречуваш правдата и да прикриваш криминал.
Но во секој случај, без разлика дали е кокаин, како што тврдат медиумите или масло од канабис, тоа е крвично дело.
Но да ги расчистиме дилемите, УМС ќе ти финансира еден тест за дрога, за целосно да се расчистат дилемите, дали користиш кокаин или не.
Во секој случај потребна е морална одговорност. Оставка ! Напиша на Фејсбук, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.