четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Јаулески: Силна е Македонија кога вакви сѐ уште трпи!

Јаулески: Силна е Македонија кога вакви сѐ уште трпи!

Од генијалниот ум на една амеба – Седнал, размислил и оп – Еурека, напишал статус, реагира пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески на објавен статус на Андреј Жерновски.

Силна е Македонија кога вакви сѐ уште трпи, него ајде вака да ја анализираме работата:

-Трошиш милиони народни пари, правиш апликација за online настава и истата не профункционира или пак трошиш стотици илјади за да направиш апликација за регистрација на македонски државјани во дијаспора и уште првиот ден се мајтапат со апликацијата и практично ја девалвираат. Ама амеба е амеба, а ум е ум.

Сосема на крај одговорност ќе има, познавав многу јаки слуги во едни минати времиња, кои мачиња станаа.

Доѓаме и по вашата одговорност, пишува во својата објава Јаулески.

Коронавирус