вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 6
home Вести

Јаулески: Позицијата на младиот човек во Македонија е крајно алармантна

Јаулески: Позицијата на младиот човек во Македонија е крајно алармантна

На 17-ти декември 1999 година во Обединетите нации беше прифатена Резолуцијата 54/120 која ги кодифицира сите поврзани меѓународни документи за активно вклучување на младите во политиките што директно влијаат на нивниот личен и општествен развој. Препознавајќи ја улогата на младите луѓе во насока на подобрување на позициите и правата на истите, ОН го има прогласено 12 август за Меѓународен ден на младите, вели претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

-Ние како политичка младина се приклучуваме кон прослава на овој интернационален ден за младите и истот ќе го одбележиме во насока на укажување на потребите и правата младите. Позицијата на младиот човек во Македонија е крајно алармантна. Почнувајќи од големата младинска невработеност која изнесува повеќе од 50% на државно ниво, па се до студентскиот стандард кој е еден од најниските во регионот, ни говори дека приорититите во државата не се насочени кон подобрување на положбата на младиот човек, туку стагнација и уназадување на загарантираните младински права и потреби, напиша Јаулески на Фејсбук и додаде:

„Ние како политичка младина укажуваме на потребата од подобрување на квалитетот на животот на младите, истите да не бидат само декларативно и на лист хартија напишани, туку да почнат да се применуваат во пракса и младите да го почуствуваат подобрувањето. Честит Ден на млади!“.