вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

Јаулески: Охридското езеро не е само природно богатство на Охрид и Струга, туку и светско наследство кое е под заштита на УНЕСКО

Јаулески: Охридското езеро не е само природно богатство на Охрид и Струга, туку и светско наследство кое е под заштита на УНЕСКО

Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ испрати повик до сите пратеници од Струга. Неговото обраќање го пренесуваме во продолжение:

Охридското езеро не е само природно богатство на Охрид и Струга, туку и светско наследство кое е под заштита на УНЕСКО. Пред неколку денови поднесов амандман за пречистителна станица за отпадни води во Враништа и проширување на колекторскиот систем на Охридското езеро (Радожда и Калишта), но за жал беше одбиен.

Денес на Комисијата за буџет и финансирање, во контра-реплика кон колегата Митревски, го повикав него и сите останати пратеници од Струга во предлог – Буџетот за 2021 заедно да поднесеме амандман во насока на забрзување на изградба на колекторски систем или мали пречистителни станици (Радожда и Калишта), кои што ќе се вклопат во ИПА проектот кој што сме го потпишале со Р. Албанија и истиот да добие еден тек на забрзување и да се санираат септичките јами кои се блиску до езерото и се влеваат во него, а со тоа се уништува и неговиот биодиверзитет.

Ова не е обврска само за подобрување на туризмот во Охрид и Струга, туку тоа ни е обврска и како држава, но и пред УНЕСКО.

Тој статус на заштита не смееме да го доведеме го прашање, истакна тој.

Коронавирус