недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јаулески: Најдобар фактички доказ за катастрофалните економски мерки на Зоран Заев, Нина – Групер и целиот цунами економски тим на СДСМ е судбината на угостителите

Јаулески: Најдобар фактички доказ за катастрофалните економски мерки на Зоран Заев, Нина – Групер и целиот цунами економски тим на СДСМ е судбината на угостителите

Најдобар фактички доказ за катастрофалните економски мерки на Зоран Заев, Нина – Групер и целиот цунами економски тим на СДСМ е судбината на угостителите овие денови. Над 15.000 вработени добиле откази, тоа се пред се млади луѓе кои сега се на улица, а се стравува и дека а бројка ќе се дуплира. Ќе се дуплира затоа што власта е нема на барањата на бизнисот и го остава да тоне.

Ова само уште еднаш го потврдува она за кое ВМРО – ДПМНЕ предупредуваше, дека мерките се шминкерски и впрочем се мерки за дополнително да му отежнат, а не да му помогнат на приватниот сектор. Условите за т.н. помош се наштелувани така за да никој не успее да ги искористи ниту оние 14.500 денари.

Од СДСМ треба да сфатат дека не можат и не знаат, да ги тргнат суетите и комплексите и да ја прифатат подадената рака на ВМРО – ДПМНЕ и нашиот предлог на пакет мерки, затоа што приватниот сектор, како и угостителите се столбот на економијата на Република Македонија и нивното помагање ќе значи спас на илјадници работни места и спас на економската иднина на Република Македонија.

Коронавирус