среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Јаулески: Младите секојдневно во полни автобуси ја напуштаат Македонија заради погубните политики на Заев

Јаулески: Младите секојдневно во полни автобуси ја напуштаат Македонија заради погубните политики на Заев

Младите се срамат од СДСМ и Зоран Заев. Младите секојдневно во полни автобуси ја напуштаат Македонија заради погубните политики на Заев и кликата околу него, обвинува Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Само во еден ден од мал град од Источна Македонија, како што е Делчево си заминале над 1000 луѓе, од кои голем број млади. Криминалот и корупцијата кои се присутни во секоја пора на општеството ги принудуваат младите  по завршување на факултетот да ја напуштат Македонија. САД, Германија и другите европски држави се редовна дестинација каде младите работат како келнери со дипломи на инжињери. Заев и неговата клика ги лажеа младите додека да дојдат на власт. Оставаа патики и кондури пред владата, ветувајќи дека ќе ги вратат иселените млади, истакна Јаулески.

Тој потенцира дека не само што не ги вратија, туку и дополнително луѓето се иселуваат, секој ден се повеќе.

-Зоран Заев и другите од неговата клика немаат кредибилитет да излезат пред младите, затоа што ги излажаа, искористија и злоупотребија. Младите никогааш повеќе нема да им веруваат на лагите на власта. И додека младите мизеруваат, функционерите на СДСМ седат во удобните фотељи во министерските кабинети. Младите страдаат, а функционерите се луксузираат. Ова мора да запре. СДСМ  мора час поскоро  да  замине. Предвремени избори што побрзо, истакнува тој.